„Гугл“ ќе ги забрани платформите Sugar Daddy, Elite Millionaire singles, SeekingArrangement, Spoil, кои служат за продавање и купување секс-услуги на интернет, односно повеќе нема да може онлајн да се купат компензирани сексуални односи (т.е. sugar dating).
Концептот на овие апликации е таков што поимотни мажи (најчесто и повозрасни) бараат помлади девојки и жени за секс за пари.
Отстранувањето е дел од новата политика на „Гугл“ како би се ограничиле сексуалните содржини. Забраната стапува во сила на 1 септември оваа година.