Град во Шпанија среде лето почна да украсува за Нова година

Шпанскиот град Виго почна да се подготвува за новогодишните празници. Иако земјата е на врвот на летната туристичка сезона, Виго, кој се наоѓа на северот на Шпанија веќе да украсува за Божиќ.

Со години градоначалникот на Виго, Абел Кабалјеро, се обидува да ја освои неофицијалната титула за најдобро празнично осветлување на светот, па се надева дека во време кога планетата е фокусирана на короната ова конечно би можела да биде негова година.

„Почнуваме да го поставуваме божиќното осветлување на Виго, со цел да го имаме најдобриот Божиќ на светот. Нека знаат градоначалниците на Њујорк, Берлин, Париз, Лондон и Токио дека ние ќе бидеме најдобри. Ќе бидат поставени десет милиони лед-светилки“, изјави 73-годишниот Кабалјеро неодамна.

Осветлувањето ќе покрие 334 улици и 450 дрвја и за него ќе бидат потрошени 800.000 евра. Иако многумина го критикуваат Кабалјеро за неодговорно и непотребно трошење пари и електрична енергија, тој тврди дека ова има за цел да го поттикне туризмот во градот.

Scroll to Top