Деновиве се одржа јубилејното 15-то издание на балканскиот етно фестивал „Локум фест – музика и традиција“ на неколку локации низ Битола.
Во рамките на овој фестивал, на последната фестивалска вечер, Државниот архив презентираше изложба на фотографии за боемскиот живот во градот на конзулите од почетокот на 20-от век, а беше претставен и познатиот ,,Грамофон на Манаки”, произведен во фабриката ,,Нестле” во 1928 година.
Отворањето на фестивалот „Локум фест – музика и традиција“ се одржа на Хераклеја, манифестацијата ја отвори „Влатко Стефановски трио“. Втората фестивалска вечер се одржа во Пацио-Музеј каде гостуваше „Даутовски дуо“ и се промовираше албумот „Apocalypticum“. Третата вечер се одржа на Широк сокак и во старата битолска чаршија под името „Распеана чаршија“.
Последната, трета вечер започна со филмот „Ќеиф“ и „Чалгија ритам бенд“ во „Везилка“, а во кафе-барот „Улаф сте“ настапи ансамблот „Антика“, во „ Калдрма“, пак, настапија Александра Јанева и КУД ,,Илинден“ и нивните „Приказни од чаршијата“.
извор: Бабам Битола