Грејс, хуманоиден робот кој им помага на лекарите и пациентите, ќе направи револуција во медицината

Компанијата Hanson во 2016 година  го воодушеви светот со претставувањето на роботот Софија, а сега го претстави својот најнов изум – хуманоидниот робот Грејс од кој се очекува да направи револуција во медицината.

Грејс е дизајнирана да им помага на лекарите. Опремена е со сензори, има термална камера за детекција на пулс кај пациентите и температура кои им помагаат на лекарите да дијагностицираат некоја болест или, пак,  да го пружат соодветниот третман.

Таа е специјализирана да се грижи за старите луѓе. Говори три јазици: англиски, мандарински и кантонски.

„Роботите како Грејс се наменети да им бидат поддршка на здравствените работници, а не да ги заменат“, вели основачот и извршен директор на Hanson Robotics, Дејвид Хансон.

Hanson Robotics вели дека ќе започне со масовно производство на роботи, вклучувајќи ги и Софија и Грејс, кон крајот на 2021 година.

Scroll to Top