Гром во Индија уби 16 лица додека правеле селфи на дождот

Најмалку шеснаесет лица загинале, а многумина се повредени во несреќа што се случила во Џајпур, северниот дел на Индија. Несреќата се случила кога во нив удрил гром додека тие се обидувале да направат селфи во една од стражарските кули на градската тврдина Амер.

 

Повеќето од загинатите биле млади лица, велат од полицијата. Дваесет и седум лица биле на кулата и на ѕидот на тврдината кога се случил инцидентот, а некои скокнале и на земјата.

Слични несреќи во кои загинале десетици лица се случиле и во државите Утар Прадеш и Мадја Прадеш. Од удари на гром во просек секоја година умираат околу 2.000 Индијци.

Само вчера имало пријвавено девет смртни случаи од удари на гром во државата Раџастан, каде што се наоѓа Џајпур, пренесуваат локалните медиуми.

Експертите велат дека бројот на жртви е голем во двете држави затоа што голем број луѓе работат на отворено во земјоделството и градежништвото. Главните министри на Утар Прадеш и Раџастан и премиерот на Индија, Нарендра Моди, најавија компензација за семејствата на починатите.

Scroll to Top