Вчеравечер „Танец“ и хрватскиот фолклорен ансамбл „Ладо“ одржаа концерт во рамките на престижниот меѓународен фестивал Охридско лето, кој беше од хуманитарен карактер.
Концертот „Танец и Ладо под ѕвездите“ беше поздравен со громогласните аплаузи и овации од страна на публиката на Античкиот театар во Охрид.
Ансамбалот сподели фотографии од синоќешниот настан на својата официјална фејсбук-страница.
Хрватскиот ансамбл за народни игри и песни „Ладо“ е национален професионален фолклорен ансамбл, кој е основан 1949 година, кој ја прикажува богатата хрватска музичка и танцова традиција. Брои 38 врвни игроорци, кои истовремено се и извонредни пејачи.
Пред овој концерт, 26 јули, ансамблите заедно присуствуваа на отворањето на 51. Илинденски денови, кое се одржа на Хераклеја.