Групата „Галија“ ќе одржи акустичен концерт на античкиот локалитет „Хераклеја“ во Битола. Концертот ќе се одржи в четврток, 3 септември, со почеток во 21 часот.
Влезниците во претпродажба може да се набават преку продажната мрежа на „мк.тикетс“ по цена од 500 денари.
Групата акустичен концерт првпат одржа на Бадник 1995 година. Таа го почнаа проектот „Акустично како некогаш“ минатата година во Белград и Нови Сад, каде што беа рекордно распродадени билети.
Првпат во Македонија групата со акустичен концерт настапи во Битола во далечната 1987 година.