Гугл казнет со 177 милиони долари

Гугл е казнет со 177 милиони долари во Јужна Кореја поради користење на својата доминантна позиција на пазарот за да го спречи развојот на ривалот Андроид.

Договорот кој е потпишан со Гугл ги спречува производителите на телефони, вклучувајќи ги и корејските компании Самсунг и ЛГ, да креираат и инсталираат свои верзии на Андроид ОС на своите уреди. Освен што е Гугл казнет парично, комисијата исто така и забранила на компанијата да ги обврзува производителите во иднина да потпишуваат договори кои и штетат на конкуренцијата и да ги менуваат постоечките.

Технолошкиот гигант тврди дека Андроид и неговата програма на компатибилност ја забрзале иновацијата и го зголемиле корисничкото искуство, што им користело на компаниите вклучувајќи ги и корејските производители. Поради тоа, Гугл има намера да се жали на одлуката на корејското регулаторно тело. Одлуката која е донесена се додава како измена во Законот за телекомуникација која ќе бара од Гугл и Епл да дозволат плаќања на трети страни за апликации во нивните „App Stores“.

Scroll to Top