Швајцарските и американските научници открија дека детските гумени играчки со кои се бањаат се полни со бактерии.
Истражувачите ги пребројувале микробите што пливале внатре во жолтото пајче и рекоа дека течноста што се испуштала кога се исцедиле содржела „потенцијално патогени бактерии” во четири од петте проверени играчки.
Како што се наведува, пронајдените бактерии, вклучувајќи ги и легионела и псеудомонас аеругиноса, се бактерии кои често се поврзуваат со болнички инфекции.
Научниците беа изненадени од многу големата количина од 75 милиони клетки по квадратен сантиметар и разни други бактерии и габи кај пајчињата.
Додека одредени количини на бактерии можат да помогнат во зајакнување на имунолошкиот систем на децата, некои може да доведат до инфекции на окото, увото и дебелото црево, велат истражувачите.
Студијата ја спроведе Швајцарскиот сојузен институт за наука и технологија за вода и Универзитетот во Илиноис, а беше објавен во списанието Biofilms and Microbiomes.
Се наведува дека ова е едно од првите посериозни научни истражувања од овој вид.