Само пет дена откако беше објавено дека спотот на Луис Фонси во соработка со Дади Јанки официјално е најгледан на „Јутјуб“ со 5 милијарди прегледи, хакери успеаја да го избришаат.
Луѓето некое време можеа да пристапат до спотот, но наместо песната, ги дочекала слика од петмина анонимни и маскирани луѓе со вперени пиштоли во камера, што сугерира дека станува збор за хакерски напад.
Таков хакерски напад ги погоди и Шакира, Селена Гомез, Тејлор Свифт и Дрејк, а оригиналните видеа се поставени на „Вево“.
Хакерската група што се потпишува како Prosox and Kuroi’sh под видеоклиповите напиша Free Palestine.