Хавајската принцеза ќе ѝ остави 40 милиони долари на сопругата

Хавајската принцеза Абигејл Кавананакоа по 20 години брак го смени својот тестамент за нејзината сопруга, Вероника Гејл Ворф, да добие 40 милиони долари и целиот нејзин личен имот. 92-годишната Кавананакоа го наследила богатството од својот прадедо Џејмс Кемпбел, ирски бизнисмен кој го стекнал богатството со плантажи со шеќерна трска.

Нејзините адвокати побарале одобрение од судиите за измена на тестаментот бидејќи Абигејл доживела инфаркт.  Во септември судијата Роберт Браунинг донел пресуда дека Кавананакоа не е психички способна за управување со богатството вредно 215 милиони долари, ја поставил Првата хавајска банка за старател, а го отстранил нејзиниот долгогодишен адвокат од оваа функција.

Таа сега сака да создаде нова фондација, која ќе им биде од корист на жителите на Хаваите.

Scroll to Top