Режисерот и сценарист Ридли Скот најави дека почнува да работи на неговиот следен филм, „Китбег“, посветен на францускиот војсководец Наполеон Бонапарта. Главната улога во филмот ќе ја игра Хоакин Феникс, објави порталот „Дедлајн“.
Продукцијата на филмот за францускиот император и еден од најпрославените светски освојувачи треба да почне в година.
Ова ќе биде втора соработка на Феникс и Скот, кои веќе работеа заедно на хитот „Гладијатор“.