Холандските туристи масовно ја напуштаат Хрватска

Откако холандската влада ја стави Хрватска на портокаловата листа поради коронавирусот, голем дел од туристите од Холандија кои престојуваа во камповите во Истра, си замина од земјата, пишува „Јутарњи лист“.

Холандските туристи ќе ги продолжат своите одмори во соседните земји за да не мора да одат во изолација откако ќе се вратат во Холандија.

Хрватска веќе неколку дена е на портокаловата листа заради зголемување на бројот на заразени лица од Ковид-19, па затоа Холанѓаните што летуваат таму, кога ќе се вратат во земјата ќе мора да поминат 14 дена во самоизолација.

Scroll to Top