Холанѓанка гола патува низ светот

Стер Кордс гола го шета светот. Оваа холандска убавица секојдневно објавува нови фотографии од своите патувања на кои оди гола, а има околу 208.000 следбеници.

На таа идеја се присетила откако ја гледала веб-страницата Get Naked Australia.

„Соблекувањето во јавност и понатаму е табу-тема, имам многу следбеници, главно мажи, кои ова го гледаат како сексуално нешто. Не можам да направам многу за да променам нечија перспектива“, вели Стер.

-Најчестата порака која ја добивам е „прати ми голи фотографии“, кои секако дека не им ги праќам, вели Стер.

Убавата русокоса никогаш не се соблекува на улица и во метеж, тоа секогаш го прави на нудистички места или каде е сосема сама.

„Никогаш не шетам гола на јавни места, како што се улиците и другите урбани површини”, вели Стер.

Таа вели дека нудизмот не е нешто поради кое луѓето треба да се плашат, посебно не помладата генерација. Таа мисли дека сите всушност се срамат од своето тело и поради тоа имаат негативни реакции на нудизмот.

„Добивам многу пораки од луѓе кои би сакале да бидат нудисти, но се плашат да се соблечат. Кога жената ќе се соблече во јавност, веднаш велат дека бара внимание. Кога мажот ќе се соблече во јавност, тој е преверзник. Но, тоа е далеку од вистината“, вели таа.

Scroll to Top