Снимањето љубовни сцени во Холивуд ќе биде забрането за да се спречи ширењето на коронавирусот, пишуваат американските медиумите. Иако ова за сега не е официјално потврдено, филмските продуценти веќе дале предлог со кој ќе ги заштитат актерите, но и себеси од потенцијални тужби. Аманда Блументал, чија работа е да им обезбеди сигурност на актерите за време на снимањето секси сцени, вели дека најверојатно ни актерите нема да сакаат да се бакнуваат во уста со своите колеги. Таа откри дека и пред воведувањето карантин неколку актери негодувале поради снимањето сцени на бакнување, пишува The Wrap.
Големите филмски продукции подготвуваат проекти кои на актерите ќе им овозможат заштита на снимањето но и надвор од сетот. Ова, најверојатно ќе резултира и со задолжително тестирање на коронавирусот, како за глумците, така и на целиот тим што ќе работи на филмот.
Слична е ситуацијата во филмската индустрија на Тајланд. Властите во земјата им наложија на режисерите да не снимаат љубовни сцени или сцени на борба, ниту сцени што вклучуваат близок контакт со актерите. Таму локалниот секретаријат за култура издаде наредба дека снимањата мора да се одвиваат во проветрени простории, каде што не смеат да престојуваат повеќе од педесет лица.