Хороскоп за 10 март: Бикот расположен за флерт, близнаците незадоволни на работа

Овен

Можете да се надевате на одлична состојба на полето на работа. Комуникацијата ви е одлична со сакана личност и имате разбирање еден со друг. Денешниот ден искористете го за релаксација и обидете се да се опуштите.

Бик

Посветени сте на работното место и сакате да ги остварите целите што сте ги зацртале. Нема да се откажете додека не остварите успех. Пред вас е можност да се оствари ново познанство. Денот е погоден за флерт, како и за почеток на врска. Имате проблем со хронични заболувања.

Близнаци

Ќе сакате да ја промените работата. Не сте задоволни од работното место и тоа ве оптоварува. Ве очекува силна позитивна атмосфера со саканата личност. Можете да се надевате на романтични случувања. Поведете сметка на хормоните.

Рак

Ослободени сте од некои стравови што сте ги имале од минатото. Можно е во текот на денот да запознаете личност што ќе ви остави силен емотивен впечаток. Здравјето ви е во одлична состојба.

Лав

Пред вас се отвора можност да ги остварите сите оние идеи што сте ги имале претходно. Можете да очекувате дека среќата ќе ве послужи. Среќни сте затоа што сте успеале да ја подобрите комуникацијата со саканата личност.

Девица

Можете да очекувате стабилизација на работното место. Сигурни сте во своите намери и во своите способности. За оние што се во брак – очекувајте бурни моменти со вашиот партнер. Постојат голем број недоразбирања и несогласувања. Поведете сметка за стомакот.

Вага

Пред вас имате доста слободно време, па можете да го завршите она што сте го испланирале. Може да се надевате на позитивни околности, кои ќе ве одведат до средба со личноста што ви е драга. Немате никакви проблеми со здравјето.

Скорпија

Можете да се надевате дека ќе го проширите вашиот бизнис и ќе остварите далеку поголема заработка. Одлично се чувствувате покрај личноста што ја сакате. Можете да се надевате дека набргу може да ви се случи и брак. Избегнувајте какви било пороци.

Стрелец

Многу сте способни и ќе им покажете на сите во вашето опкружување дека сте подготвени да напредувате. Нема да имате драстични промени кога е во прашање љубовта. Ако сте слободни, можен е флерт, но ништо повеќе од тоа. Внимавајте на кожата.

Јарец

Отворени сте во комуникацијата со надредените и го покажувате вашето мислење, без никаква задршка. Неопходно е да размислите за тоа што навистина сакате да постигнете во однос на саканата личност. Би ви годела масажа.

Водолија

Можно е да успеете да ги остварите вашите планови, иако на почетокот може да има некакви компликации. Доаѓа можност да запознаете некоја личност со која би можеле да остварите стабилна и трајна врска. Имате чувствителен дигестивен систем.

Риби

Ова е поволен ден за почеток на нова работа. Имате голема дилема во љубовта. Во вас постои несигурност за тоа кои чекори треба да ги преземате. Немате поголеми проблеми што се однесува до вашето здравје.

Scroll to Top