Хороскоп за 10 ноември: Водолијата е љубоморна, Шкорпијата ужива во љубовта

Овен

Комуникацијата со остатокот од светот не ви е баш најдобра. Имате впечаток дека другата страна не ве разбира. Интуитивно чувствувате што му е потребно на вашиот партнер и му го нудите тоа. Партнерот е во фаза кога му е потребна поддршка.

Бик

Плановите не се одвиваат онака како што сакате. Наместо да се фокусирате на развој, занимавајте се со блокадите. Комуникацијата со партнерот ви е толку лоша што или е сведена на минимум или воопшто ја нема.

Близнаци

Ќе добиете интересна идеја за напредување. Се прашувате како не сте се сетиле порано за ова. Негурноста ја убива вашата врска. Љубомората и недовербата се главни причини на лошиот однос.

Рак

Одлично ви напредуваат преговорите. Се чувствувате добро поради ситуацијата во која се наоѓате. Тешки сте како емотивен партнер. Другата страна се повлекува од врската, бидејќи е незадоволна со вашето однесување.

Лав

Се обидувате да примените некои идеи, но не даваат резултати. Се враќате со рутинското завршување на обврските. Воздражани сте, несигурни и не успевате на симпатијата да и ги покажете своите емоции на адекватен начин.

Девица

Ве очекува мал застој. Поминувате низ еден процес кога ќе видите каде настанува проблемот. Имате впечаток дека нема за што да разговарате со партнерот. Тоа ви е сигурен знак дека тој не е вистинската личност за вас.

Вага

Задоволни сте како се одвиваат работите. Размислувате за личност од минатото. Не сакате да си признаете дека вашата тврдоглавост е виновна за многу проблеми.

Шкорпија

Размислувате за промени за да може работите да се движат. Задоволни сте со емотивната сфера. Врската ја сметате за стабилна, перспективна и ви дава чувство на сигурност.

Стрелец

Имате проблеми кои се обидувате да ги решите на дипломатски начин, но засега тоа не ви оди од рака. Не ве интересира емотивното поле. Сметате дека треба да се справите со некои други работи за да може да се посветите на врската.

Јарец

Комуникацијата не ви оди на рака. Не успевате да ги убедите луѓето да веруваат во вашите идеи. Многу сте несигурни и напнати. Имате потреба од емотивна блискост, а се плашите да се отворите.

Водолија

Иницирате комуникација со нови луѓе. Доколку сте во врска, ви пречат посесивноста и љубомората на другата половина. Не успевате да ѝ објасните дека претерува.

Риби

Имате нови идеи. Не дозволувате никој да ви се меша и да ви сугерира. Партнерот е нерасположен. Немате повеќе нерви за неговите константни промени во расположението.

Scroll to Top