Хороскоп за 16 септември: Биковите со големи очекувања од љубовта, Рибите се инспирирани на работа

ОВЕН
Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на деловните обврски. Љубовта ви е во мислите, но никому не сакате да му покажете во колкава мера сте емоционално заинтересирани. Во тек е период поволен за проблеми со алергиите.

БИК
Не успевате да пронајдете заеднички јазик со деловните партнери. Имате големи очекувања кога е љубовта во прашање и на другата половина ѝ упатувате нежни зборови и романтични пораки. Што се однесува до здравјето – одлично се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ
Незадоволството од работата е на врвот и размислувате за оставка. Во емоционална смисла сте импулсивни и склони да направите проблем кај партнерот. На здравствено поле ве очекуваат проблеми со елиминаторниот систем.

РАК
Полни сте со оптимизам и се соочувате со самодоверба со старите деловни проблеми. Во емотивна смисла сте паднале и не гледате излез од ситуациајта. Во физичка смисла сте мрзливи и тоа го зема здравствениот данок.

ЛАВ
Деловните проблеми ги чувствувате претешки и тешко решливи дури и за вас. Емоционално сте затворени, а партнерот се обидува да ве наведе на отворен разговор. Во физичка смисла чувствувате недостиг на сила и волја да се движите.

ДЕВИЦА
Денешниот ден не е идеален за вас. Исклучително сте незадоволни и нервозни поради лошите финансии. Во емоционална смисла сте неисполнети, безволни и немате желба за да се социјализирате. Ви годи самотијата. Здравјето е солидно.

ВАГА
Работата ви оди добро и задоволни сте од деловната ситуација. Во емоционална смисла не сте опуштени и имате проблем со импулсивноста и често се расправате со партнерот. Внимавајте што јадете. Храната нема да ви годи.

ШКОРПИЈА
На деловно поле тотално сте демотивирани и без самодоверба. Партнерката ви дава прилична доза разбирање и поддршка што се однесува до тоа да се чувствувате подобро. Склони сте кон хронична мигрена.

СТРЕЛЕЦ
Немате поволно размислување за колегите и тоа го покажувате на отворен и надмен начин. Љубовта е во фаза на стагнација и имате чувство дека ви стигнува наплата за грешките од минатото. Во физичка смисла се чувствувате силно и добро.

ЈАРЕЦ
Ја користите изреката „убавиот збор железни врати отвора“ и на тој начин ги постигнувате сите деловни цели. Денес ќе добиете можност да остварите љубовна авантура. Здравјето ви е добро. Се чувствувате младо и убаво.

ВОДОЛИЈА
Вредни сте, организрани и со многу успех ги извршувате деловните обврски. Лебдите на крилјата на љубовта и интензивно комуницирате со партнерката. Можни се проблеми со несоница така што тешко ќе заспиете.

РИБИ
Работата ве инспирира и сите обврски ги одработувате квалитетно, одговорно и без застој. Чувствувате емоционална сигурност што ви годи и ви дава чувство на моќ. На здравствено поле можен е хормонален дебаланс.

Scroll to Top