Хороскоп за 17 август: Вагата ќе има додворувачи, за девицата љубовна авантура

Овен

Периодот е поволен ако работите две работи или ако сте во потрага за дополнителен извор за заработка. Љубовната ситуација би требало да биде солидна, со саканото лице имате одличен однос. Поведете сметка за можни здравствени проблеми поврзани за органите за варење.

Бик

Пред вас е исклучително поволен ден за одмор и релаксација. Работата сега не ви е приоритет. Кога станува збор за љубовта, ви следат бројни нови случувања, флерт и нови познанства. Можен е мал пад на имунитетот.

Близнаци

Како да се вртите во круг околу некои ситни обврски кои никако да завршат. На полето за љубов ве очекува солидна и стабилна ситуација, без поголеми проблеми. Можете да се надевате на генерално добра состојба. Обидете се да го подобрите имунитетот.

Рак

Не ве очекуваат поголеми проблеми или промени кога станува збор за деловното поле. Љубовната ситуација може да биде многу комплицирана бидејќи вашиот партнер не умее да се постави на вистинскиот начин кон вас. Можна е појава на алергиски реакции.

Лав

Среќата ве следи па остварувате добри резултати дури и кога не се трудите доволно. На полето на љубов можете да очекувате интересна атмосфера со личност од странство. Можни се мали проблеми со крвниот притисок.

Девица

Можете да се надевате на мало подобрување на полето за финансии. Добро се чувствате поради тоа. Кога станува збор за љубовта, многу сте страствени и желни за нови случувања и авантури. На полето за здравје ве очекува солидна ситуација. Сепак, можна е појава на некои хронични проблеми поврзани за уринарниот тракт.

Вага

Денот е поволен за вашето поле за финансии, можете да очекувате многу добра ситуација на материјален план. Кога станува збор за љубовта можна е богата понуда, многу додворувачи. Можни се проблеми со зголемен шеќер во крвта.

Скорпија

Периодот е поволен за деловни преговори, кратки патувања и сè што може да има врска со документи. На полето за љубов ве очекува убава ситуација со саканото лице. Поведете сметка за можните проблеми со синусите.

Стрелец

Имате големи идеи и планови, но многу работи се одложуваат и не можете сè да реализирате. На полето на љубов можни се несогласувања со саканото лице со кое имате нејасен однос. Можни се проблеми на нервна база.

Јарец

Лошата концентрација може доста да ви наштети и на вас и на вашата работа, поведете сметка за тоа. Љубовната ситуација ви е сега приоритет, сакате максимално да му се посветите на саканото лице. Можни се тешкотии поврзани со главата, болки, притисок во главата и очите.

Водолија

Задоволни сте со резултатот од извршената работа и изгледа дека ќе бележите успех на подолги патеки. Кога станува збор за љубовта, многу лесно освојувате и заведувате. Ќе имате среќа денес. Одлично здравје, ќе бидете полни со позитивна енергија.

Риби

Максимално сте ѝ посветени на работата, но без оглед на тоа некои работи не ви одат од рака. Љубовната ситуација ќе ви биде како на раскрсница, големи проблеми поради ситни недоразбирања. Можни се болки во грбот или проблем со забите.

Scroll to Top