ОВЕН
Овој викенд ќе се обидувате да останете во добро ментално здравје. Семејниот живот ќе ви донесува задоволство. Ќе сакате да подготвувате добра храна за вашите најблиски, можно е да имате неочекувани гости. Оние кои имаат бизнис со надворешни соработници ќе остварат неочекувана добивка.
БИК
Овој викенд ќе бидете задоволни од шансите кои ви се пружат. Ќе ги извршувате сите обврски навреме и успешно. Некој колега со кого долго време сте биле во затегнати односи конечно ќе сака да соработува со вас. Можно е да добиете некоја пријатна вест од женска особа.
БЛИЗНАЦИ
Овој викенд ќе биде позитивен за вашата финансиска состојба. Оние кои се во потрага по нова работа, конечно ќе ја добијат очекуваната шанса. Можни се проблеми со дигестијата. Ќе се чувствувате мрзеливи и ќе сакате да го поминете во мирна атмосфера. Поволен период за оние кои се студенти.
РАК
Внимавајте можно е да бидете под притисок а тоа ќе го влоши односот со блиските личности. Ве мачи несоница. Имате некои стари горчливи спомени со некоја личност за кои е веќе крајно време да ги заборавите и да продолжите понатаму. Можно е да трошите повеќе од вообичаено.
ЛАВ
Ве очекува одличен успех на работното место, ќе ги импресионирате сите. Вашите најблиски се посветени на вас, ве сакаат и ве поддржуваат. Некој ваш пријател има проблем но не сака да ви каже, обидете се да го натерате да ви се отвори. Среќата се зголемува, нова понуда за работа.
ДЕВИЦА
Ќе бидете особено слаткоречиви и ќе успевате да ги шармирате сите околу вас. Атмосферата во домот е пријатна. Ќе сакате да разговарате за нешта кои порано ви биле непријатни. Ќе запознаете нов пријател на некое место каде ќе одите за прв пат. Оние кои се сингл ќе започнат нова романса.
ВАГА
Вашата финансиска состојба во овој момент не е баш најсајна, но не очајувајте пристигнуваат подобри денови. Ве очекува среќа која ќе направи малку да здивнете и ќе ви ја поврати надежта. Очекувајте повик од некоја драга личност. Запишувајте ги вашите креативни идеи.
ШКОРПИЈА
Ќе се жалите на некој здравствен проблем, тоа ќе ви создава грижи, но мислете позитивно, ќе успеете да го пребродите. Почнувате да развивате чувства спрема некоја личност од вашата околина која не е слободна, бидете внимателни. Вашето однесување може да предизвикува другите да мислат дека сте студена и арогантна личност.
СТРЕЛЕЦ
Финансиската состојба се подобрува, ви пристигнуваат позитивни денови. Ќе уживате во семејниот живот кој ќе биде исполнет со хармонија и среќни мигови. Ќе отидете на кратко патување со вашите пријатели. Оние кои се сингл ќе бидат во потрага по нова љубов, оние кои се во брак ќе добијат среќни вести од машко дете.
ЈАРЕЦ
Доколку се занимавате со професија која вклучува патување, ќе запознаете влијателна личност која ќе ви даде доста корисни совети кои ќе ви послужат во иднина. Вашите пријатели ве обожаваат и уживаат во времето поминато со вас. Некоја личност која моментално не е покрај вас постојано ве мисли. Оние кои имаат деца ќе добијат позитивни вести за нив.
ВОДОЛИЈА
Овој викенд посветете се на вашето здравје и практикувајте повеќе физичка активност. Одете во природа и ослободете ги мислите. Ви пристигнуваат вести од странство. Доколку сте биле загрижени околу некој спор, наскоро ќе постигнете напредок.
РИБИ
Ве очекува добивка за која не сте мислеле дека воопшто ќе стигне. Но парите ќе ги потрошите брзо. Внимавајте кон кого развивате романтични чувства, таа личност можеби е веќе зафатена или е вљубена во друг. Вашите мисли ве преоптоваруваат, практикувајте медитација.