Хороскоп за 2 октомври: Овните ќе прават компромиси, Јарците ќе се ослободат од минатото

ОВЕН
Денес ќе се ослободите од оној дел од себеси што сте го надраснале изминатиот период. Проблемите во врската ќе го достигнат врвот, ќе постигнете компромис, но ќе мора да отстапите од многу работи иако не сакате.

БИК
Денес вашите интуитивни способности ќе бидат особено изразени. Вашата рутина за спиење е нарушена, не се одморате онолку колку што ви е потребно. Важно е да обрнете внимание на пораките што ги добивате преку вашите соништа.

БЛИЗНАЦИ
Ќе почнете возбудлив проект и ќе сакате да го споделите со светот, можно е да се разделите со некој пријател за кого одамна сметате дека не ви годи. За среќа, ќе ви оди од рака комуникацијата со непознати луѓе, па лесно ќе го проширите вашиот круг на познајници.

РАК
Ве чека интензивен период со оглед на тоа што вашата планета која ве води е Месечината. Ќе добиете признание за вашата напорна работа и труд и ќе почнете доста важен проект.

ЛАВ
Некој разговор, кој долго време сте го избегнувале, конечно ќе се оствари. Ќе ги разбирате врските и односите на подлабоко ниво. Некое патешествие завршува, ви се отвораат нови хоризонти пред вас.

ДЕВИЦА
Почнува интензивен период за вас. Сега е вистински миг да исплатите некој долг или да дадете или, пак, да примите извинување за некој горчлив конфликт. Сега е вистинско време да се зближите со оние со кои сте се разделиле.

ВАГА
Денес треба да внимавате на односот и врските со околината. Иако можеби љубовната врска моментно не ви е приоритет, денес ќе морате да се соочите со некои важни нешта и да направите компромис.

ШКОРПИЈА
Проектот на кој сте работеле долго време, конечно, ќе биде завршен, а тоа ќе ви помогне да се ослободите од некоја лоша навика. Вашата секојдневна рутина ќе биде променета на подобро.

СТРЕЛЕЦ
Почнува доста креативен период за вас, кој ќе влијае на вашиот љубовен живот. Одморете од напорната работа и посветете се малку на себеси.

ЈАРЕЦ
Денес ќе се ослободите од минатото и ќе продолжите напред кон нови прекрасни почетоци. Подобрување на вашата животна состојба.

ВОДОЛИЈА
Денес ви пристигнуваат важни вести. Нешто за кое долго време сте размислувале и не сте можеле да го сфатите, конечно, ќе се осветли пред вас. На ум ги имате вистинските зборови, не останувајте без одговор.

РИБИ
Денес ќе се ослободите од некои нешта што повеќе не ви се потребни, ќе размислувате како да ја подобрите вашата финансиска состојба, а идеите што ќе ви паѓаат на памет ќе бидат добри.

Scroll to Top