Хороскоп за 20 ноември: Рибите на романтичен состанок, близнаците носталгични

By

ОВЕН
Денес ќе се чувствувате како вистински шампион, ќе ги вреднувате своите цели и ќе имате чувство дека можете да остварите се што ќе посакате. Што и да ве доведува до стрес, немојте да очајувате затоа што наскоро ќе биде надминато. Ја имате поддршката и љубовта од најблиските.

БИК
Доколку се грижите за нешто и поминувате непреспиени ноќи размислувајќи за исходот, наскоро ќе ви пристигнат позитивни вести. Се ќе биде и подобро од тоа што очекувате. Поминувајте време со саканите и семејство. Вашиот партер посакува повеќе внимание од ваша страна.

БЛИЗНАЦИ
Средбата со некој стар пријател ќе ве направи да се чувствувате носталгично. Ќе се навратите на старите денови и ќе ве облеваат чувства. Можно е незнаејќи да ја сретнете љубовта на вашиот живот и ќе и оставите добар впечаток, но врската нема да биде започната уште веднаш.

РАК
Денес ќе фантазирате за вашиот сакан. Ќе правите сценарија во вашата глава и ќе барате начин како да ги остварите сите тие нешта. Очекувајте разврска на некоја ситуација во вашиот живот која долго време ве вознемирувала. Очекувајте остварување на некој ваш долго посакуван сон.

ЛАВ
Вашиот партнер има доста авторитативно однесување спрема вас а тоа ве иритира. Најдобро е да се обидете да го оменкнете и да разговарате за нештата кои создаваат тензија. На работното место ќе бидете задоволни од исходот на нештата.

ДЕВИЦА
Вашиот љубовен живот може да е доста нестабилен во последно време. Размислувате и сте преокупирани околу проблемите и барате излез. Но имајте на ум дека љубовта е двосмерна улица и секогаш треба да разговарате со другата страна околу можните конфликти.

ВАГА
Во минатото сте го избрале погрешниот пат и тоа ве довело до многу потешкотии, страдање и болка. Се чини дека повторно се навраќате на тој пат и тоа овој пат доста свесно, се надевате дека можете да промените некои нешта. Внимавајте можно е повторно дасе разочарате.

СКОРПИЈА
Купидоновите стрели се насочени кон вас, можат да ве погодат во секој миг. Ќе се роди нова љубов која ќе ви го распламти срцето, ќе мислите дека не постои посреќна личност од вас. На крајот од денот ќе добиете позитивна вест во врска со вашата работа.

СТРЕЛЕЦ
Ќе бидете изненадени од поддршката која ќе ја добиете од вашите соработници. Изгледа дека тие не биле толку непријателски настроени кон вас колку што сте сметале. Внимавајте со правните работи и потпишувањето документи. Нека ве води вашата интуиција, послушајте ја – има важна порака за вас.

ЈАРЕЦ
Доколку не сте го направиле тоа до сега, време е да почнете да штедите за вашата иднина за да си обезбедите комфорт и лесноија. Доколку вашиот сакан направил некоја грешка во минатото, време е да продолжите понатаму и да им простите, оставете го минатото таму каде што е.

ВОДОЛИЈА
Амбицијата ве води и не сфаќате дека преминувате преку нешта кои можат да бидат болни само за да стигнете до целта. Донесувате драстични одлуки кои доведуваат до големи промени, во иднина немојте да се изненадите ако некои нешта излегле од контрола.

РИБИ
Денес можно е да добиете понуда за нова работа или унапредување. Добро е да направите една анализа на нештата кои ги посакувате за себе за да ја донесете најдобрата одлука. Љубовта е во воздухот, ви претстои романтична вечера со специјална личност.

Ќе ви се допадне