Хороскоп за 24 септември: Ракот е посветен на работата, здравствени проблеми за јарецот

Овен
Во овие ладни денови на многу припадници на овој знак ќе им биде топло околу срцето. Тешко живеете без љубов, па се трудите секогаш да бидете заљубени. Партнерот ви подготвува изненадување, во прашање е брак или принова.

Бик
Биковите тргнуваат во освојувачки походи кон саканото лице. Пред да го направите тоа, добро разработете го теренот ако сакате да постигнете успех. Емотивно сте исполнети, па не чувствувате напор по макотрпната работа. Сè ви изгледа едноставно, заљубени сте.

Близнаци
Нервната раздразливост е последица на неспособноста да мислите со сопствената глава. Сè што сте планирале паѓа во вода, па имате чувство дека сте изложени на планетарни влијанија. Потрудете се да не носите важни одлуки, спасот пронајдете го во хобито.

Рак
Работата и здравјето се теми што ви одземаат голем дел од времето и за кои интензивно размислувате. Избегнувајте ситничарење, може да пропуштите битни работи и да направите погрешен потег. Во односот со партнерот внесете повеќе емоции.

Лав
Искористете ја инспирацијата и смислата за убаво таму каде што е потребно. Наместо да сте суетни и да се величате себеси, потрудете се на околината да ѝ пренесете нежност и топлина. Ова е вистински момент да размислувате за љубовта.

Девица
Вредни сте, а тоа ви помага да ги преминете сите проблеми и да се чувствувате нормално. Многумина со такви проблеми би потклекнале, но не и вие. Чекорот назад во активностите прифатете го како неминовност. Земете залет за нови професионални потези.

Вага
Исклучителен ден, полн со пријатни изненадувања. Во постојано движење сте и го работите она што го сакате. Партнерот ви покажа колку му значите не само со зборови. Не сте материјалист, но обожавате да трошите. Никој не е идеален, па ни вие.

Скорпија
Постојат многу работи што го подобруваат расположението, а не штетат. Доколку сте осамени или се чувствувате така, релаксирајте се со филм или книга. Пожелно е да го избегнувате друштвото, никој нема да ги слуша вашите жалења.

Стрелец
Еден чекор напред, два назад. Тоа никако не ви одговара, сакате брзина. Професионалните проблеми се посериозни отколку што мислите, а резултати нема ни оддалеку, насочете се кон љубовта. Дозволете им на блиските да бидат во ваша близина.

Јарец
Здравствената ситуација не е сјајна. Склони сте кон болести, а тоа е последица на намален имунитет. Грижете се за себе, работата не може да чека. По природа сте вредни и одговорни, завршете ги сите обврски навреме.

Водолија
Спонтаните активности се последица на здравствените проблеми. За што и да станува збор, не се чувствувате сјајно, па ништо на светот не може да ви го подобри расположението. Ја сфаќате несовршеноста во околината, никој не ви одговара, на сите им наоѓате мана.

Риби
Ситуацијата бара приспособување, а тоа ви оди тешко. Сакате да постигнете максимум со минимално вложување, но тоа е невозможно, разочарувањето е неминовно. Нерасчистените работи од минатото посебно ве нервираат, требаше претходно да се подготвите.

Scroll to Top