Хороскоп за 26 октомври: Вагата емоционално неисполнета, Бикот успешен, Водолијата осамена

ОВЕН
Користете ги приватните познанства за да го промовирате сопствениот бизнис. Емоционално сте незадоволни. На граница сте да пукнете и да ја прекинете врската. Што се однесува до здравјето, одбегнувајте нервирање, бидејќи можно е да ви се качи притисокот.

БИК
Детално сте запознаени со сите детали на работниот процес. Донесувате одлука за која сте сигурни дека ќе ви ја унапреди работата. Ви треба време само за себе, а тоа партнерот мирно го прифаќа. Можни се проблеми со алергии.

БЛИЗНАЦИ
Презадоволни сте од комуникацијата со соработници од странство. Партнерот има проблеми што не сака да ги сподели со вас. И покрај тоа, вие забележувате дека тој не е во елемент. Што се однесува до здравјето, се чувствувате добро.

РАК
Одличен ден за деловни состаноци и постигнување долгорочни договори. Запознавате личност која ви е многу интересна на прв поглед, но поради срамежливост не покажувате интерес. Здравјето ви е стабилно.

ЛАВ
Задоволни сте од ситуацијата на работа. Елоквентни сте, енергични, зрачите со авторитет. Вашите работни идеи сите ги прифаќаат без приговор. Емоционално сте задоволни и размислувате да ја подигнете врската на повисоко ниво. Одлично се чувствувате.

ДЕВИЦА
Прилично сте неприспособени. Не успевате да држите чекор со промените на работа. Емоционално сте исполнети. Ве привлекува идејата за основање семејство. Кога станува збор за здравјето, ве очекуваат познатите проблеми со притисокот.

ТЕРЕЗИЈА
Комуницирате со претставници на медиумите. Шармантни сте, интелигентни и оставате одличен впечаток. Емоционално сте неисполнети. Односот со партнерот ви е напнат и доаѓа до караница со која ништо не решавате. Можни се проблеми со гениталиите.

СКОРПИЈА
Резултатите на работа се под вашите очекувања. Не само што сте незадоволни со нив туку и со надредената личност. Имате нагласена потреба за партнер и за негова поддршка. Расположението ви е на ниско ниво.

СТРЕЛЕЦ
Задоволни сте од приливот на финансии. Тоа ве мотивира со повеќе енергија да се фокусирате на работните обврски. На емотивно поле нема никакви случувања. Во физичка смисла се чувствувате одлично.

ЈАРЕЦ
Прилично сте елоквентни, стабилни и оставате впечаток на одговорна личност. На состаноците оставате одличен впечаток. Емоциите максимално ви имаат проработено, но не ги покажувате. Опуштени сте и не внимавате на внесувањето храна и пијалаци.

ВОДОЛИЈА
Приливот на финансии ви го подигнува расположението. Со поголема волја им се посветувате на обврските. Имате потреба да бидете сами. Партнерот тоа сосема погрешно го сфаќа, што вам ви пречи. Уморни сте и уживате во одморот.

РИБИ
Не сте задоволни од ситуацијата на работа. Заклучувате дека промените се неопходни за полесно да се постигнат професионалните цели. Имате симпатија на која често мислите. Здравјето не ви е најдобро, во смисла дека притисокот ќе ви биде нестабилен.

Scroll to Top