Хороскоп за 29 септември: Многу љубов и успех во работата за Близнаците

ОВЕН

Работа: Неповолен ден за комуникација и кратки патувања. Во двете области можно е пролонгирање на плановите.

Љубов: Полето љубов одлично е прикажано и кажува за вашата посветеност кон партнерот.

Здравје: Проблеми со циркулација.

БИК

Работа: Максимално сте мотивирани и насочени на обврските. Очекувате дека вашиот труд ќе донесе видливи резултати.

Љубов: Партнерот е нервозен и има впечаток дека сакате да го контролирате.

Здравје: Одлично.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Во контакт сте со странци. Добивате информации кои ви се многу важни за понатамошен развој на проектот.

Љубов: Во целост сте задоволни од односот со партнерот. Врската е полна со страст и стабилна.

Здравје: Наклонети сте кон промена на расположение.

РАК

Работа: Надредените не ги одобруваат вашите идеи. Имате впечаток дека ве ограничува поради страв од неуспех.

Љубов: Љубоморни сте и несигурни. Партнерот не е свесен за овие емоции.

Здравје: Добро.

ЛАВ

Работа: Ве загрижува тоа што вашите напори не даваат резултати. Се прашувате што не е во ред и вложувате уште повеќе енергија во работата.

Љубов: Трпеливи сте кон партнерот. Тој е нервозен и има тенденција за вадење од такт.

Здравје: Солидно здравје.

ДЕВИЦА

Работа: Ја прекинувате соработката. Доста ви е од соработници кои ви наоѓаат маани.

Љубов: Однесувањето кон партнерот е ладно.

Здравје: Проблем со зголемен притисок.

ВАГА

Работа: Добивате информација дека парите кои ги чекате ќе доцнат. Не сте во ситуација ништо да промените, па мирно ја прифаќате информацијата.

Љубов: Партнерот пробува да го разбере вашето однесување. Не му е јасна вашата нервоза.

Здравје: Солидно.

ШКОРПИЈА

Работа: Имате поддршка по прашањето работа. Соработниците мислат дека ќе успеете да ги надминете проблемите, иако вие ни самите не сте сигурни.

Љубов: Ако сте слободни, очекувајте ново познанство со личност од странство.

Здравје: Чувствителни коски.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Имате успешна соработка со странци. Сте се претставиле во најдобро светло, и тие ви веруваат.

Љубов: Уживате во љубовта. Многу ви значи што емоциите на партнерот се цврсти и стабилни.

Здравје: Чувајте се од повреди.

ЈАРЕЦ

Работа: Ако нешто не сакате тоа е изненадувачко менување на плановите. Ви треба време за да ги прифатите новите работи.

Љубов: Ја исполнувате желбата на партнерот поголем дел од времето да минете во интимна атмосфера.

Здравје: Солидно.

ВОДОЛИЈА

Работа: Имате одлична комуникација со надредените. Сфаќате дека се загрижени за работата, но ги уверувате дека се е под контрола.

Љубов: Партнерот одбива средба со вас. Се сомневате и размислувате што би можело да биде причина.

Здравје: Циркулацијата не е најдобра.

РИБИ

Работа: Максимално сте шармантни и на сите им излегувате во пресрет. Повеќе сте расположени за приказна и договори отколку на самата реализација на работните планови.

Љубов: Се грижите за партнерот кој изгледа нерасположен.

Здравје: Стабилно.

Scroll to Top