Хороскоп за 5 мај: За лавот напредок во љубовта, стрелецот да внимава на здравјето

By

ОВЕН

Доколку сега покажете дека сте одговорни и посветени на работата, на подолги патеки ќе собирате награди и пофалби. Многу ви пречат околностите во кои се наоѓате со саканата личност и сакате да ги промените. Помали проблеми со грлото.

БИК

Ќе ви се укаже можност да дојдете до подобро работно место. Посветете се на своите амбиции. Можеби ќе забележите нова личност во вашето блиско опкружување. Настапува поволен период за почеток на врска. Здравјето ви е во ред.

БЛИЗНАЦИ

Периодот на стагнација кај вас конечно завршува. Може да очекувате дека ќе добиете можност за напредок. Саканата личност ќе ви покаже дека искрено ѝ значите и е подготвена да ви се посвети. Проблеми со видот.

РАК

Денешниот ден ви носи многу предизвици на деловно поле. Може да очекувате помали деловни проблеми. Во вашето блиско опкружување се појавува можност за флерт, а со истата личност можен е почеток на врска. Потребен ви е одмор.

ЛАВ

Денешниот ден би можел да ви донесе некои помали компликации и отежнувања кога станува збор за работата. Ќе водите интересен разговор со симпатијата. Кога ќе се запознаете подобро, ќе сфатите дека сте еден за друг. Спортувајте.

ДЕВИЦА

Доколку планирате напредок на деловно поле, ќе ви се укаже можност да ги остварите своите амбиции. Посветеноста на партнерот во заедничките цели многу ви значи. Ве очекува поволен период за љубов. Добро се чувствувате.

ВАГА

Денес многу лесно може да дојдете до поголеми грешки на деловно поле, затоа водете сметка. Можеби постои кавга помеѓу вас и саканата личност, која нема да може да ја надминете лесно. Проблеми со дишните патишта.

СКОРПИЈА

Полека ви се отвораат нови деловни можности. Може да очекувате позитивни промени. Имате чувство дека саканата личност не е сосема посветена на вашата врска и тоа ваше негативно претчувство не ви се допаѓа. Проблеми предизвикани од стрес.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува период во кој ќе имате нови деловни одлуки. Спремни сте за сите промени што се пред вас. Денешниот ден ви носи помали расправии со саканата личност, но не се загрижувачки. Водете сметка за стомакот.

ЈАРЕЦ

Склони сте да драматизирате за некои работи. Потрудете се да го менувате негативниот став што го имате на работа. Би сакале да остварите нов љубовен однос, но засега на видик нема нова можност. Можен е пад на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Можеби не сте добиле поддршка од страна на деловното опкружување и затоа не доаѓате до напредување. Ве очекува интересно запознавање. Набргу ќе се отвори можност за нова врска. Проблеми со зглобовите.

РИБИ

Може да дојде до некои недоразбирања со деловните соработници денес. Запознавате интересна личност, која ќе ви покаже дека е подготвена да почне нешто ново со вас. Можни се проблеми со алергии.

Ќе ви се допадне

AnimeDao nisekoi animedao: Watch Kimetsu no Yaiba: Yuukaku-hen Episode Preview (https://animedao.nl/m/XWr2/ep-1)

WCOStream the flintstones wcostream: That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) (https://wcostream.cc/m/Jbnz) Episode 24