Хороскоп за 7 мај: интересна понуда за лавот, вагата да се посвети на децата

Овен

Денот ќе отвори прашања во врска со финансиите. Трошите премногу за луѓето околу вас или трошите за остварување на вашите соништа? Не секој ги заслужува вашите подароци и внимание, претпазливо избирајте ги луѓето во своето опкружување. Работете на самодовербата, секако дека никој не е совршен, но послушајте некој добронамерен совет. Којзнае, можеби трансформацијата ќе влијае пријатно на вашето его.

Бик

Во судир со вашата автентичност и сликата што другите ја создале за вас? Не грижете се, промените се природен и прекрасен дел од животот, тоа значи дека одите напред. Обидете се да не одите во екстреми – експериментите се полезни, но внимавајте на сопствената личност, запрашајте се кој сте вие навистина. На повидок се одложувања на личен план. Не очајувајте доколку не сте ценети на работното место – ќе дојдат и вашите пет минути.

Близнаци

Можеби се двоумите да ставите крај на некоја врска бидејќи сметате дека не сте доволно почитувани. Разговарајте со смирен тон и доверливи информации, не брзајте да донесете одлука. Внимавајте на вашето ментално здравје и тргнете се од луѓето што ви создаваат нервоза. Одвојте неколку минути во денот да бидете едноставно сами, преиспитајте ги сопствените филозофии. Убав ден да научите нешто корисно од некого или, пак, вие некому да му доближите нешто ново. Доколку е потребно, направете промени во распоредот за да си обезбедите квалитетен сон.

Рак

Постои ли нешто што го криете од пријателите? Дали е проблемот во тоа што нема да ве разберат или во тоа што не сте задоволни од сопствените одлуки? Доколку сметате дека пријателите ви создаваат притисок и непотребна негативна енергија, ажурирајте ја вашата листа на блиски личности. Пријателите се тука да ги разберат вашите најдлабоки стравови и да ви бидат поддршка, сите пријатели на кои не можете да се потпрете не треба да имаат место во вашиот живот.

Лав

Ќе имате понуда што ќе звучи опасно и привлечно истовремено. Ќе се чувствувате како да добивате сѐ што сакате за подоцна да се покаете. Не избрзувајте со одлуката, доколку постои дел од вас што ви вели дека прифаќањето е грешка, не двоумете се да си дадете време. Сепак, не е злато сѐ што сјае. За лавовите што стопроцентно се сигурни дека одлуката е онаа вистинската – ви честитам, партнерството ќе трае долго, а единствениот проблем ќе биде играта на моќ и доминација.

Девица

Проверете ги вашите машки роднини, дали е сè во ред со нивното здравје? Можеби колегите од работа ќе сакаат да организираат некое патување на кое нема да бидете голем фан. Доколку сте изгубиле килограми во изминатиот период, обрнете внимание на здравјето. Рутинските контроли спасуваат животи. Променете го дневниот план за исхрана, доколку имате можност, хранете се поздраво.

Вага

За вагите што имаат деца, денов нека го посветат на децата. Оваа недела бидете попретпазливи со малечките, внимавајте на навиките што им ги создавате, не преоптоварувајте ги со вашите проблеми. Нивните уши се малечки за да ги сфатат крупните зборови на возрасните. Вагите што се слободни можеби сакаат да официјализираат некоја љубовна авантура бидејќи се заљубиле, но љубовта можеби е еднострана. Ако денес почнете романса, таа романса има потенцијал да ви го смени животот, но и многу скапо да ве чини. Бидете внимателни.

Скорпија

Ви се мотаат идеи за реновирање на домот, но не сте сигурни дали финансиски можете да одговорите на предизвикот? Не преземајте ризици денес. Играјте на сигурно. Доколку сте во брак, постои можност денес да сте лошо настроени еден кон друг. Страстите би се смириле ако излезете од дома, одете на прошетка заедно. На слободните скорпии можеби ќе им се врати некој од минатото – прифатете ја егоинфлацијата како позитивна, но бидете внимателни кого пуштате назад во животот.

Стрелец

Не бидете скептици кога е здравјето во прашање, неуморно почнете да работите на себе. Трчајте во природа, пешачете, најдете вежби на интернет и вежбајте во домашни околности. Дозволете му на Уран да ви помогне да се размрдате наместо вишокот енергија да ви создава главоболки. Домашно милениче е одлична идеја. Претпазливо комуницирајте со колегите и соседите, не треба да слушнат сѐ што мислите.

Јарец

За јарците што имаат дете, постои потенцијал да имаат и некој изненаден финансиски издаток во врска со детето. Сценаријата варираат од прошетка во центарот, кое вашето малечко ќе ја доживее како бесплатна самопослуга, до тоа малите да уништат нешто во домот и да е потребна замена за тоа. Слободните јарци ќе сакаат да заработат правејќи нешто што им е долгогодишно хоби, но нека не се надеваат премногу. Инспирацијата за нови проекти и нови финансиски извори ќе ја најдете таму каде што најмалку очекувате.

Водолија

Денес домашната средина ќе ве притисне да направите промени во изгледот. Менувајте нешта за кои самите сте свесни дека се проблематични зони. Почитувајте ја традицијата, но не дозволувајте таа да го диктира вашето темпо на живеење. Излезете од зоната на комфор тогаш кога сте сигурни дека тоа го правите за себе, а не за другите. Забите и нервите ќе бидат почувствителни денес.

Риби

Можеби некој од минатото повремено се навраќа во вашиот живот, но сечете ги врските со луѓе што не ви дозволуваат да растете и да бидете среќни. Не читајте премногу вести на интернет доколку ве оставаат празни, уморни и негативни. Пишувајте дневник за вашите чувства, тоа ќе ви помогне да останете присебни и објективни и во комуникацијата со себе и во комуникацијата со луѓето околу вас. Вклучете се во домашните разговори – вашето мислење ќе биде полезно за сите.

Scroll to Top