Хороскопски знак што има најмногу проблеми со довербата

Ако сте во врска со овој огнен знак, би можеле повеќе да внимавате на својот мобилен телефон…

Верувале во хороскоп или не, факт е дека хороскопскиот знак најмногу зборува за карактерот на личноста, па така, на пример, можеме да знаеме кој е најмногу склон кон изневерување, а кој во врската се однесува како разгалено детиште. Овој пат експертите од  PsychicWorld.com направиле истражување за тоа кои знаци најмалку им веруваат на своите партнери.

Во истражувањето учествувале 2.112 испитаници, кои морале да одговорат на прашањето дали некогаш чепкале во работите на партнерите, како компјутерот, мобилниот и друштвените мрежи за да бараат инкриминирачки докази, а кога стигнале резултатите, било повеќе од јасно дека одредени знаци се посклони кон ваквото однесување од некои други.

И само да појасниме една работа, доколку личноста е во потрага по нешто, тоа не значи дека е нужно таа личност да има проблеми со довербата во партнерот. Понекогаш партнерот е оној што се однесува на начин што не влева доверба и внесува нервоза во врската.

Сепак, која и да била причината за нивната сомничавост, истражувањето покажало дека токму Лавовите се оние што имаат уверливо најмалку доверба – дури 75 % од нив признале дека копале по интимата на партнерот, а експертите констатирале дека ова не изненадува со оглед на огнениот карактер и потребата за доминација на овој знак.

Најсомничави, по Лавовите, се Раковите, од кои 71 % чепкале по минатото на партнерот, па Рибите, од кои тоа го направиле 69 %. Во прилог на овие два знака, велат експертите, оди и тоа што и двата се водни знаци, а тоа значи дека ги одликува интимната интуитивност. Значи ли тоа дека Рибите и Раковите треба да ѝ веруваат на својата интуиција кога и да им (ако им) каже дека нешто не е во ред? Многу веројатно!

Знакот со уверливо најмногу доверба е Водолијата имајќи предвид дека само 11 % од испитаниците со овој знак биле склони кон такво однесување, а потоа следуваат Стрелците и Девиците, кои прилично им веруваат на своите партнери.

Scroll to Top