Водолиите се, спрема астролошките анализи, најспремни да „идат до крај“ со некои кои тек го запознале, ако почувствуваат дека „хемијата“ е јака, а на таквото однесување најмногу се противат Вагите.
Повеќе од 15% од Водолиите велат дека нивниот прв состанок обично завршува со секс, затоа што сакаат да знаат дали им одговара тој аспект од односот, односно дали има смисла да продолжат да се гледаат, според истражувањето на веб-страницата за онлајн дејтинг, Plenty of Fish.
Најподготвени се
Освен тоа, припадниците на овој хороскопски знак сакаат да проверат дали има сексуална хемија и не гледаат ништо лошо во раното стапување во односи, каде пред сè се потпираат на својот инстинкт. Тоа првенствено ќе го направат доколку некој навистина им се допаѓа, што кај нив може да биде често.
Ни Рибите не се далеку
Втор по ред хороскопски знак кој е желен да „оди до крај“ на прв состанок се Рибите, а 11% од припадниците на овој знак признале дека тоа им е пракса.
Вагите најмногу се воздржуваат
Најмали шанси за секс на прв состанок даваат Вагите, кои сметаат дека таквото однесување е без врска, тие сакаат да играат игра на заведување и исчекување, а важно им е да добијат чувство на почит.
Освен тоа, ова истражување покажало дека барем 37% од луѓето „се водат“ спрема хороскопот, барем во љубовните работи, а 20% од нив велат дека никогаш не би му дале шанса на потенцијалниот партнер, доколку нивните астролошки аспекти нималку не одговараат, пишува The Sun.