Хороскопски знаци кои немаат смисла за хумор

Не се раѓаме сите со добра смисла за хумор. Всушност, доста луѓе воопшто немаат смисла со хумор, иако мислат дека ја имаат, а шегите не им се некоја јака страна. Ако ѝ верувате на астрологијата, смислата за хумор на големо зависи и од хороскопскиот знак во кој личноста е родена, а шест знаци се издвојуваат меѓу оние чија шега едноставно не ни можеме да ја наречеме така.

Ееве кои се тие:

Рак

Ракот сѐ сфаќа премногу сериозно и се поставува премногу зрел во секоја ситуација. Животот понекогаш бара сериозност, но ако не можете да се насмеете, барем понекогаш, животот ќе ви биде досаден и сите ќе ве сметаат за жива досада.

Шкорпија

Шкорпијата понекогаш знае да исфрли некоја шега, но таа шега скоро никој нема да ја сфаќа за сериозна затоа што со Шкорпиите никогаш не се знае што точно мислат. Дали се сериозни или не? Нивните шали често звучат како навреди и можат да ги повредат другите.

Стрелец

Стрелците ќе се пошегуваат колку да привлечат внимание, но нема два пати да размислат пред нешто да изговорат. Како и во случајот со Шкорпијата, нивните обиди за шега често звучат како нешто сосема друго.

Јарец

Јарците се ладни баш како и месецот во кои се родени, а таква е и нивната смисла за хумор. Не сакаат премногу да се забавуваат, така што, дури и кога ќе се пошегуваат, луѓето мислат дека се сериозни.

Девица

Девиците се премногу фокусирани на други аспекти од животот така што им е гајле за смислата за хумор. Таа едноставно не им значи. Не сфаќаат шеги, ниту сакаат да се зафркаваат. Едноставно тоа не е за нив.

Овен

Овните се доста тврдоглави и често пати не знаат да примат шега, особено на нивна сметка. Сѐ сфаќаат премногу сериозно и тешко можете да ги слушнете како се смеат на туѓите шеги.

Scroll to Top