Хороскопски знаци кои полудуваат од љубов

Сите се заљубуваме, некои често и лесно, некои ретко и тешко. Некои се заљубуваат на „прв поглед“, други ја набљудуваат малку подолго ситуација додека да бидат сигурни дали е безбедно да се заљубат.

Сепак, постојат некои знаци кои се заљубуваат лудо и брзо, љубовта ги удира како молња и не попушта. За нив говориме денес.

Овен

Тој се заљубува на прв поглед. Потребен е само момент да види дали некој му се допаѓа или не. Не размислува за тоа која е таа личност, дали е добра или не, дали е социјално прифатлива, богата или сиромашна, што за тоа мисли неговата околина. Тој само ја следи својата страст и импулс.

Бик

Тој веднаш го чувствува, поточно, намирисува мирисот на личноста која му се допаѓа. Овој хороскопски знак има изразени сетила во однос на другите знаци. Сепак, ќе почека малку пред да се заљуби, набљудувајќи ја таа личност, додека не биде сосема сигурен дека тоа не е само привремена авантура.

Близнаци

Тие лесно се вљубуваат, доста често во две или повеќе личности истовремено. Како да се сите тие луѓе дел од една личност, и кога би можеле да се состават, таа би била совршената личност. Поради тоа овој знак често е распнат помеѓу две сакани личности.

Шкорпија

Љубовта овде е како молња или поточно гром. Во еден момент, Шкорпијата се вклопува и се чувствува како да ја погодила молња. Така изгледа почетокот, но и продолжението на љубовта на Шкорпијата.

Риби

Во овој знак Венера е често засилена, па тие цело време се заљубуваат. Ако не во некој, тогаш во нешто – добра музика, или вино, или се занесуваат по било што. И лесно стануваат зависни од таа љубов, бар на некое време додека не се заљубат во нешто друго (Рибите се променлив знак), но важни е да се секогаш заљубени.

Scroll to Top