Хороскопски знаци кои се сакаат само себеси

Три хороскопски знаци се многу понарцисоидни од другите, велат астролозите. Според нив, Овенот, Вагата и Лавот се сакаат само себеси.

Овен

Припадниците на овој знак вообичаено себеси се сметаат за најпаметни, најпосебни и, генерално, подобри од сите други. Затоа баш и не се омилени во друштвото и вообичаено имаат малку блиски пријатели, а нивната изразена нарцисоидност ги кочи и во пронаоѓањето љубов.

Вага

Вагите се едни од најповршните знаци во зодијакот. Луѓето родени во овој знак вообичаено сакаат убави работи и убави луѓе, а се трудат и самите да бидат најубави колку што можат. Уживаат во пофалните зборови што им ги упатуваат другите затоа што обожаваат да бидат во центарот на вниманието.

Лав

Лавовите се познати по својата егоцентричност и воопшто не ја кријат. Тие јавно и искрено се гордеат со самите себе затоа што навистина веруваат дека се подобри од другите. Иако за себе сакаат да мислат дека се омилени во друштвото, вистината најчесто е спротивна затоа што ретки се луѓето што може да го поднесат нивното его.

Scroll to Top