Хороскопски знаци што најтешко го преболуваат раскинувањето

Прекинување на врската секогаш е секогаш тешко барем за едната страна, а тоа често може да биде поврзано и со хороскопот. За некои луѓе тоа значи нов почеток, но постојат хороскопски знаци на кои им е тешко да го заборават минатото и се потешко се носат со раскинувањето.

Лав

Лавовите своето срце не го подаруваат баш лесно, но за личноста која сепак ќе успее да ги освои, подготвени се да направат буквално сè. Затоа, по прекинувањето со некого со кого мислеле дека ќе го поминат остатокот од животот, од страв повторно да не бидат повредени, многу потешко стапуваат во нова врска и ги сузбиваат своите емоции.

Стрелец

Иако стрелците по природа се заљубливи, тешко стапуваат во сериозни врски. Но, еднаш кога ќе се препуштат некому во целост и таа личност ќе ги остави со скршено срце, стануваат уште повнимателни околу луѓето и сите потенцијални партнери ги споредуваат со поранешниот.

Рак

Луѓето родени во овој знак тешко ги поднесуваат сите разделби, па и оние љубовните. Кога се во врска, раковите ѝ се целосно предадени на саканата личност и склони се кон идеализирање. Затоа прекинувањето обично им е многу потешко отколку на луѓето родени во другите хороскопски знаци.

Scroll to Top