Храна што може да ја јадеме и кога ќе ѝ истече рокот

Постојано фрламе храна оти на етикетата пишува дека рокот ѝ истекол. Сепак, експертите велат дека постојат намирници што може да се јадат и откако ќе им истече рокот.

Чоколадо

На чоколадата на која ѝ поминал рокот со тек на време можат да се појават бели точки, но тоа е само кристализиран шеќер. Ова чоколадо можете да го јадете иако нема да е вкусно како она со тазе рок.

Чипс

И чипсот ја губи свежината, но безбеден е за грицкање и тоа благодарение на огромната количина сол. Сепак најдобро е да не чекате да пројдат повеќе од три недели по истекот на рокот.

Кашкавал

Единствено тврдите кашкавали, како што е пармезанот и чедарот, можат да се јадат по истекот на рокот и тоа три до шест недели. Меките кашкавали како камамбер и кремастите намази задолжително јадете ги во рокот. Кога ќе ги отворите, консумирајте ги во рок од десетина дена.

Кекси

Благодарение на конзервансите, кексите се безбедни и два месеца по истекот на рокот, но им се губи вкусот. Крцкавоста можете да се обидете да ја повратите така што на кратко ќе ги подгреете во микробранова печка или во рерна.

Мед и џем

Големата количина на шеќер ги чува медот и џемот од пропаѓање, па слободно консумирајте ги дури и кога во средината ќе се згуснат.

Тестенини

Тестенините имаат неограничен рок додека ги чувате соодветно. Кога ќе отворите шпагети или макарони, остатокот смесете го во сад во кој не влегува воздух, со цел да ги сочувате од влага.

Scroll to Top