Хрватскиот научник Игор Штагљар вели дека шансите да заболете од коронавирусот се мали, а уште помали да починете од него. Штагљар има специјализирано на полето на молекуларна биологија. Тој излезе во јавноста со бројки и информации за коронавирусот и тврди дека не постои никаква опасност од вирусот што доаѓа од Кина.
„Светската здравствена организација објави дека постојат 79.300 заразени со коронавирус. Од тие мнозинството, или 77.000 се во Кина, од кои повеќето во Вухан. Вухан има 11 милиони жители. Да претпоставиме дека од 77.000 заразени сите се во Вухан. Значи 0,7 отсто од жителите на Вухан се заразени, а 99,3 отсто од жителите на тој град немаат вирус. Зборувам за градот од каде почна епидемијата“, објаснува Штагљар.
Штагљар дека кинескиот град Вухан е важен затоа што тој е жариште на коронавирусот. Во овој град се најголеми шансите да се заразите со овој вирус. Појаснува дека токму тие 0,7 отсто се клучна ставка, затоа што на неа одат процентите на смртност.
„Ако имате 85 години, имате 0,7 отсто шанси воопшто да го фатите вирусот, па ако го фатите имате уште 14,8 проценти шанси да починете од него, односно вкупно 0,103 проценти шанси да починете од тој вирус. Тоа значи дека шансата дека нема да починете од тој вирус е дури 99,897 проценти! За еден 45-годишник тие две шанси помножени изнесуваат 0,0028 проценти дека вирусот ќе го убие, а 99,9972 дека нема. За еден 35-годишник веројатноста дека ќе почине од вирусот е 0,0014 отсто, а дека нема е 99,9986 проценти. Тоа е 0,7 отсто дека ќе го добиете и 0,2 проценти да починете од него, ако сте под 40 години старост“, изјави Штагљар.
Штагљар додаде дека Кина има 1,386 милијарди жители и истакна дека само 0,0055 проценти Кинези го имаат вирусот.
„Ете колку вирусот е заразен. Поентата на приказната е дека да, постои опасност, но потполно непотребно е да се создава ваква паника, заклучи професорот на Оделот за биохемија и медицинска генетика на Универзитетот во Торонто.