Хрватскиот фудбалер Бобан, починал од срцев удар

Фудбалерот на хрватска Марсонија од Славонскиот Брод Бруно Бобан (25) починал во саботата на терен за време на мечот со Славонија, како последица на срцев удар. Ова го покажала обдукцијата.

Брубо Бобан, братот на фубдалерот од Осиек Габриел Бобан, паднал на теренот за време на мечот од 3 хрватска лига Исток, која се играла во Славонски Брод.

Во седмата минута, топката го погодила во градите, по што Бобан паднал на теренот.

 

Со обдукцијата е утврдено дека фудбалерот починал од срцев удар.

Првата помош ја даде гостинскиот голман, Марио Резо. Околу 45 минути траела битката за животот на Бруно.

 

Scroll to Top