Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром во Градски парк

Мечувалечкиот клуб „Ескрим“ оваа година трет пат ќе ја организира Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром. Трката ќе се одржи во Градски парк во Скопје во недела, 24 март, со почеток во 11 часот.

Секоја година сѐ повеќе луѓе се вклучуваат во поддршка и организаторите апелираат тоа да продолжи. Според Билјана Кузмановска, организатор на трката, децата со Даунов синдром „се нашите витези, тие се нашите шампиони!“. Според неа, храброста на овие млади треба да биде негувана од секој аспект од нашето општество. Организаторите се сигурни дека и оваа година ќе приредат незаборавен настан кој ќе прерасне во традиционална манифестација која ќе ги поддржува лицата со Даунов синдром.

Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром се одржува по повод Светскиот ден на лица со Даунов синдром. Сите средства собрани од котизациите ќе се искористат за доопремување на дневниот центар за лица со Даун. За зголемување на поддршката се повикуваат сите да го проследат настанот на фејсбук фан страната: https://www.facebook.com/events/2289254421358215/.

За купување на котизации треба да се посети https://www.smartrace.club/.

Scroll to Top