И Италија воведува ковид-пропусници во ресторани, стадиони, кина и во музеи

Италија е последната европска земја што воведува задолжителна ковид-пропусница, што ќе стапи во сила на 6 август. Со ова ќе им овозможи на сите над 12 години, кои примиле една доза вакцина, да имаат пристап во ресторани, кина, музеи, стадиони, сали за вежбање, базени. Засега ковид-пропусницата нема да биде потребна во јавен превоз, како и во авион. Ова беше и причина за несогласувања во владината коалиција. Ноќните клубови остануваат затворени.

Италија бележи ново ширење на коронавирусот, што му се припишува на делта-сојот. Повеќе од половина Италијанци се целосно вакцинирани. Премиерот Марио Драги ги осуди политичарите што ги повикуваат младите да одбијат да се вакцинираат.

„Тоа е повик луѓето да умрат“, изјави тој.

Scroll to Top