И по 29 години никој не знае кој е човекот кој застана пред тенковите во Пекинг

Во ноќта меѓу 3 и 4 јуни 1989 година, војниците и оклопните возила со оружје го загушиле движењето на студентите, месец дена по окупирањето на Тјенанмен, во центарот на Пекинг. Демонстрантите барале искоренување на корупцијата и демократско владеење.

Плоштадот Тјенанмен во Пекинг на 5 јуни бил целосно расчистен, а на него се гледале само тенкови во движење. Еден од демонстрантите кои застана пред колоната на воени возила, беше добро забележана на исчистениот простор. Токму оваа слика, само неколку часа подоцна го обиколила светот и стана една од најпознатите фотографии на сите времиња.

Илјадници студенти излегле во јуни 1989 година на улиците во Пекинг барјаќи реформи. Сепак, нивниот мирен протест завршил со незапаметено крвопролевање. Државното раководство на невооружаните цивили им ги испратил единиците и тенковите. За обемот на крвопролевањето и бројот на жртви и денеска нема официјални податоци, затоа што кинеската влада за инцидентот кој во историјата ќе остане запаметен како Масакрот на Тјенанмен, или Четвртојунскиот масакар и понатаму се молчи. Сепак еден човек со својот протест, за момент успеа да ја запре воената машинерија. Ова е неговата приказна…

Моментот кога се застана

Откако кинеската влада почнала да се пресметува со протестантите на 5 јуни 1989 година, плоштадот Тјенанмен станал место на крвави конфликти. Тенковите газеле се пред себе и луѓето вознемирено бегале обидувајќи се да се засолнат.

А тогаш за момент се застанало… на местото “Cháng Ān Dà Jiē”, во превод „Големата авенија на вечниот мир, оддалечен на неколку минути од плоштадот Тјенанмен, еден човек, држејќи ќеси со намирници, застанал среде улица и не им дозволувал на тенковите да минат.

Кога првиот тенк пристигнал до човекот, на снимките се гледало дека им мафта. Тенкот се обидел да го заобиколи, но човекот упорно се поместувал, не дозволувајќи премин. По половина час на ваквата пасивна блокада, човекот се качил на военото возило. Кога се симнал, до него дотрчале уште неколку демонстранти кои го тргнале. До денеска не се знае што му рекол на возачот, ниту што се случило после тоа.

Една од прифатените верзии на настанот е дека човекот после ова исчезнал во гужвата. Други велат дека бил уапсен. Има и такви кои сметаат дека е веднаш убиен.

Како и да е, фотографијата и снимката од овој настан во рекорден рок стигнале до светските медиуми и со молскавична брзина го обиколиле светот.

Неколку верзии на фотографиите

Пет фотографии успеале да го забележат моментот кога непознатиот демонстрант застанал пред тенковите. Веројатно имало и повеќе, но кинеските власти по масакрот на Тјенанмен масовно ги заплениле фотоапараите. Најпознатата е фотографијата на Стјуарт Франклин направена од блискиот балкон. Неговата ролна филм, од Кина ја изнел еден француски студент спакувана во кутија за чај. Сепак, денес е најкористена фотографија која ја направил фотографот на Асошијетед прес Џеф Виденер.

Човек тенк

И додека авторот на фотграфијата и славата која ја стекнале се знае се, идентитетот на човекот од сликата и понатаму е тајна. Постојат неколку меѓусебни конфузни извештаии за тоа што се случило со него.

Набрзо по инцидентот, британскиот таблоид Сандеј експрес, објавил фотографија на која е Ванг Вајлин, 19 годишен студент кој подоцна е обвинет за политичко хулиганство и бил уапсен. Сепак, точноста за оваа информација никогаш не е потврдена, а кинеската Комунистичка партија демантирала дека знае за кого се работи, затоа што славниот демонстрант никогаш не го пронашле.

Во својот говор за Претседателскиот клуб во 1999 година, Брус Хершенсон, поранешниот заменик специјален асистенет на претседателот Ричард Никсон, изјавил дека човекот е убиен две недели по демонстрациите. Други извори тврдат дека човекот е убиен од кинеските власти неколку месеци по настанот.

Официјални кинески лица не говореле премногу за инцидентот, ниту за идентитетот на човекот. Во интервјуто за АБЦ њуз, во 1990 година, тогашниот генерален секретар на Комунистичката партија на Кина Џианг Цемин изјавил дека не може да потврди дали момчето е уапсено, но дека со сигурност може да каже дека не е убиен. Сепак било тоа време кога кинеските власти се обиделе да го оправдаат своето делување на плоштадот Тјенанмен, и да го прикажат режимот во колку е можно подобро светло, па овие тврдења се прифатени со резерва.

Канадскиот новинар Јан Вонг изнел тврдења дека човекот кој бар за момент го прекинал целиот режим и понатаму е жив и се крие некаде во внатрешнста на Кина. Неодамна се појавиле и информации дека по масакрот преку Хонгконг побегнал во Тајван.

Точниот број на мртви во студентските протести не се знае до ден денес, а мајките од Тјенанменк, секоја година испраќаат писма и петиција до властите, барајќи ја вистината. Сепак и по 29 години по драматичниот настан во Пекинг, Кина воглавно молчи.

Во април 1998 година магазинот Тајм, го ставила осамениот човек кој ја запре колоната од 17 тенкови, на листата на 100 највлијателни луѓе на 20 век.

Неговиот идентитет никогаш со сигурност не е потврден, па едноставно го нарекле „непознатиот демонстрант“, или уште посимболично, човек тенк.

Семејствата го повикувале кинескиот претседател Си Џинпинг, конечно да утврди што се случило во тој момент и да се утврди вистината за убиените, настан кој во Кина сеуште се смета за табу.

 

 

Scroll to Top