И покрај лошите критики, пристигнува втората сезона на „And just like that“

Иако „And just like that”, продолжението на култната серија „Сексот и градот“ доживеа бројни негативни коментари, сепак HBO Max потврди дека ќе има и втора сезона. Повторно во фокусот ќе се најдат главните актерки Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис.

Лошите критики започнаа од првата епизода па сè до последната која се емитуваше во февруари годинава. На обожавателите најмногу не им се допадна начинот на кои креаторите на серијата го отстранија ликот на легендарната Саманта, која ја глумеше Ким Картал.

Актерката не сакаше да се придружи на снимањето на новата сезона поради несогласувања со актерската екипа, но и поради тоа што сметала дека повеќе нема да може да го долови ликот на Саманта Џонс.

Scroll to Top