Ако не знаете каков подарок да изберете, водете се од хороскопскиот знак на личноста на која ќе ѝ подарувате.
Овен
За претставниците на овој знак, карактеристични по страста, нема поубав подарок од часови по танго. Уплатете курс по танго и вашиот Овен ќе биде пресреќен.
Бик
Биковите се супер домаќини. Најдобар подарок за Бикот е корисен апарат за домаќинство или сет за готвење.
Близнаци
Близнаците сакаат да откриваат нови нешта, но сакаат и да читаат. Одлична книга може да биде вистинскиот подарок за нив, но обидете се таа да е редок примерок.
Рак
За емотивните Ракови, идеалниот подарок ќе го најдете во антикварница. Но, одлично ќе поминете и со вечера во рибен ресторан.
Лав
Лавовите се многу пребирливи и ги сакаат скапите подароци. Затоа, не штедете за нив кога е во прашање подарокот – бела техника или златна гравирана плочка.
Девица
Родените во знакот Девица ги сакаат практичните подароци. Ќе се израдуваат на некое практично џиџе, но добро ќе поминете и со книга со стручна содржина што нив ги интересира.
Вага
Родените естети многу внимаваат на изгледот, па подарокот треба да биде елегантен – софистицирано парче облека, одлични чевли, а може и скап парфем.
Шкорпија
Родените во знакот Шкорпија ги сакаат мистеријата и црната боја. Идеален подарок за нив би бил долна облека во црна боја, а добро ќе поминете и со книга за мистерии.
Стрелец
Ако не можете да им подарите патување, барем викенд-патување, тогаш добро ќе поминете и со некаква амајлија.
Јарец
Не мислете се двапати за подарок за Јарците, и мажите и жените би сакале уште еден пар чевли.
Водолија
Каква било техника е добредојдена за Водолиите, а доколку се работи за жена, уплатете ѝ фризерки или козметички или, пак, спа-третман.
Риби
Без размислување, изберете некаков уметнички подарок – слика, фреска, скулптура.