Осмата, последна сезона на популарната серија „Игра на тронови“ сè уште се снима. Таа ќе се прикажува догодина, речиси година и пол по финалето на седмата сезона. Од продукцијата деновиве објавија дека завршиле со снимањето на сцена со борба и дека сцената ја снимале цели 55 дена. Претходно, најдолгата снимана сцена од „Игра на тронови“ е „битката на копилињата“ од шестата сезона, која се снимала 25 дена.
Продуцентите Дејвид Беноа и Д.Б. Вајс открија дека 55 дена по ред снимале сцена која треба да ги воодушеви фановите на серијата.
„Фановите сакаат да гледаат нешто епско, нешто што никогаш претходно не го виделе“, изјавиле од продукцијата.
Екипата која работи на серијата се обидува да открие што е можно помалку за новата сезона. Тие често ги менуваат локациите на снимање, сценаријата се печатат на специјална хартија која одбива светлина и невозможно е да се фотографира, а обработката на епизодите се одвива во строго контролирани услови откако неколку епизоди од пред претходната сезона, ама и претходната, протекоа на интернет пред да се прикажат на телевизија.