Играта „Супер Марио“ стара 35 година продадена за 660.000 долари

Неотворена игра на „Нинтендо“ „Супер Марио Брос“, од 1986 година, е продадена за 660.000 долари. За неа се наддавало на аукција во Америка.

Играта била купена во 1986 година како божикен подарок, ставена во фиока и заборавена неотворена сè додека сопственикот не ја нашол на почетокот на оваа година. Таа беше продадена преку аукциската куќа „Херитиџ“ од Далас.

Нејзината цена е многу поголема од 114.000 американски долари, што беа платени на аукцијата „Херитиџ“ минатото лето за уште една неотворена игра произведена во 1987 година.

Scroll to Top