Извршниот директор на компанијата „Тесла“, Илон Маск, е на чекор да отвори синџир ресторани како од педесеттите, пренесува агенцијата „Блумберг“.
Како што пренесува агенцијата од Њујорк, од компанијата на 27 мај поднеле барање до американскиот Завод за патенти за употреба на нивното лого „Т“ во прехранбената индустрија. Покрај логото „Т“, биле испратени и две стилизирани логоа „Тесла“.
Сите три барања се однесувале на примена на логоата за „услуги на ресторани, поп-ап ресторански услуги (служење храна од тезги на тркала), самоуслужителни ресторански услуги и услуги за храна за носење.
Маск веќе со години зборува дека ќе отвори ресторан во јужна Калифорнија. Уште во 2018 година тој најави дека ќе покрене „драјв ин“ услуги на продажба на храна, како и ролер и рок-ресторан на една од новите локации на неговата фабриката за електрични возила во Лос Анџелес.
Маск во април ги потврди ваквите наводи објавувајќи на „Твитер“: Главната нова станица за полнење наскоро ќе стигне во Санта Моника. Се надеваме дека ќе отвориме и ресторан од педесеттите години, а планираме да ги објавиме 100-те најдобри филмски клипови.
Тој најави дека во понудата ќе има и пуканки, а на надворешен екран ќе се вртат 100-те најдобри сцени во историјата на филмот. Па додека возачите ги полнат своите автомобили со струја, ќе можат да ги гледаат најдобрите филмски кадри од светската кинематографија.
Неговиот брат Кимбел е сопственик на „Кичен ресторан“ групацијата, која управува со ресторани во голем број американски сојузни државни, вклучувајќи ги и Колорадо, Илиноис и Тенеси.