Ина Суслина ќе остане во Скопје

Голманката на „ЖРК Вардар“ Ина Суслина за „24 ракомет“ рекла дека не планира да си замине од Скопје, иако тимот се распаѓа, а повеќето ракометарки потпишаа договори со други клубови и ќе си заминат по крајот на сезоната.

Русинката рекла дека Македонија останува нејзино место на живеење.

„Го сакам Скопје. Планирам да останам да живеам во овој град бидејќи сум заљубена во него. Тука ми е преубаво и тука ја гледам мојата иднина“, изјавила Суслина.

Засега не се знае дали таа ќе остане како дел од новиот тим на „Вардар“ во улога на тренер или советник, или можеби нема ни да биде дел од ракометниот клуб.

Scroll to Top