Индија планира да забрани уште 54 кинески мобилни апликации

Индија планира да забрани 54 кинески мобилни апликации, за кои смета дека може да го загрозат суверенитетот и безбедноста на земјата, јави телевизијата НДТВ. Меѓу нив се Sweet Selfie HD, Beauty Camera – Selfie Camera, Viva Video Editor, Tencent Xriver, Onmyoji Arena, AppLock и Dual Space Lite.

Таа лани забрани 59 кинески апликации, меѓу кои и популарните TikTok, WeChat и Helo. Досега блокираше вкупно 300 апликации, откако го започна процесот во 2020 година по ескалацијата на индиско-кинеските односи долж границата, каде имаше судири меѓу кинески и индиски војници.

Scroll to Top