Инспирирани од „Медена земја“: Колку чини најскапиот мед на светот?

Во пресрет на доделувањето на „Оскарите“ и очекувањата за „Оскар за нашиот документарен филм „Медена зеја“ Honeyland, во две категории за најдобар документарец и најдобар странски филм, многумина се запознаа со Македнија како земја во која има органски мед со одличен квалитет и кој е наградуван на меѓународните саеми.

Медот кој го одгледува Атиџе од диви пчели во „Медена земја“, се смета за многу редок, посебно квалитетен и исклучително здрав.  Тој е и единствен во Европа.

Сепак Македонија не го поседува најскапиот мед на светот. Најскапиот мед се произведува во Турција. Станува збор за „Самовилскиот мед“ чија цена достигнува 5000 евра. 

Една од најспецифичните карактеристики на медот е што повеќето микроорганизми не се способни да растат во него и затоа не се расипува, ни по неколку илјади години. Една лажица мед или 15 милилитри го снабдува организмот со 64 калории што е еквивалентен енергетски внес на 1272 Кј на 100 грама.

Единствена гаранција за квалитетот може да се добие само по пат на хемиска анализа и во нашата земја постои само една институција која се занимава со тоа

„Самовилскиот мед“ се консумира како лек, а не како прехранбен производ. Локален пчелар во Турција, Гунај Гундуз, открил пештера во која има ваков мед. Пештерата се наоѓа во долината Сарикаир во Артвин, на крајниот северо-исток на Турција и е длабока 1800 метри.

Гундуз тврди дека станува збор за висококвалитетен мед, кој се произведува  природно и на карпи богати со минерали. Гундуз објасни дека потекнува од семејство кое три генерации пред него, се занимава со пчеларство. Тој рече дека во 2009 година забележал пчели на влезот на пештерата, а потоа сфатил дека може да има мед во неа.

Влегол во пештерата потпомогнат од професионални алпинисти. Таму открил 18 килограми топка мед. Го испратил на анализа во Франција. Резултите покажале дека станува збор за висококвалитетен мед стар седум години кој е  богат со минерали.

Во 2009 година, еден килограм од овој мед бил продаден на француската размена на мед за неверојатни 45.000 евра, а една година подоцна, беше продаден на кинеските фармацевти за 28.000 евра. Неговата сегашна цена во Турција е 5.000 евра.

Гундуз вели дека медот се користи повеќе како лек отколку како прехранбен производ. Тој го продава во шишиња од 170 и 250 грама, а многу од купувачите се изненадени од цената која изнесува колку еден автомобил. 

Медот се произведува природно и без кошници. Оваа област е богата со ендемични и лековити растенија. Сето ова има влијание врз неговата цена.

Медот Манука исто така е еден од најубавите и најквалитетени во светот. Се добива од цвеќињата на растението Манука (Leptosperum scoparium), грмушка која расте во Нов Зеланд. Се смета за најздравиот мед во светот.

Една од главните здрави состојки што го прави овој мед толку посебен и е метилглиоксал (МГО), супстанција со силен антибактериски ефект, што е всушност несакан ефект на производството на мед.

Дури и направено е истражување за количината на МГО во медот, германски научници споредиле шест примероци и заклучиле дека најдобриот мед од Манука содржи од 38 до 761 мг / кг, додека обичниот има до 5 мг / кг.

Чини 30 долари за само 250 милиграми.

Европското списание за клиничка микробиологија и заразни болести во 2010 година објави истражување што ги открива резултатите од студијата за здравствените ефекти на медот Манука. Научниците открија дека овој мед е во состојба да ги убие сите патогени (микроорганизми кои предизвикуваат болест) со кои го тестирале.

 

Scroll to Top