Фатемех Кишванд, позната под името Сахар Табар, но и како иранската Анџелина Џоли, е осудена на десет години затвор. Таа е уапсена поради нејзините активности на социјалните мрежи и големит број обвинувања, вклучувајќи и богохулење и поттикнување насилство.
Таа станала популарна во 2017 година, откако направила 40 операции за да личи на Анџелина Џоли. Подоцна потврдила дека немала некој успех со операциите, но затоа го променила изгледот, главно со шминка.
На „Инстаграм“ објавила фотографии кои ги уредувала преку фотошоп. Ја зголемувала устата, јаболчниците и се обидувала да заличи на холивудската глумица.
Неа ја следеле половина милион луѓе, а потоа на 5 октомври 2019 година е уапсена. Многумина нејзините објави ги сфаќале како шега, но не и властите во Иран. Освен неа, уапсени се уште три инфлуенсерки.
Иранската новинарка Масих Алинејад раскажа за светските медиуми како разговарала со адвокатот на Табар, кој потврдил дека неговата клиентка е осудена на десет години затвор, поради промовирање корупција.
Новинарката сега настојува да преземе сѐ што е во нејзина моќ за целиот свет да дознае за Табар, па на „Твитер“ напишала:
I call on Angelina Jolie to help an Iranian 19-year-old girl who received 10 years prison sentence for using makeup & Photoshop to turn herself into Angelina.
Islamic Republic has a history of tormenting women. We need to be united against this gender apartheid pic.twitter.com/Z5Y8yMsY76— Masih Alinejad 🏳️ (@AlinejadMasih) December 11, 2020
„Десет години затвор за иранската инфлуенсерка затоа што користела шминка и фотошоп, за да стане ‘зомби Анџелина Џоли’. Сахар Табар има само 19 години. Малку се пошегува и поради тоа сега е во затвор. Мајка ѝ плаче секој ден и бара нејзината ќерка да биде ослободена. Драга Анџелина Џоли, ни требаш, помогни ни“, гласела пораката.
Џоли до ден денес се нема огласено за овој случај.