Исчезнуваат Алпите! Топењето се одвива трипати побрзо од очекуваното

Исчезнуваат француските Алпи. Од 2003 до 2015 година глечерите изгубија 25% од површината, која сега се намалува за трипати побрзо од претходно, предупредуваат француските научници.

Лабораторијата за глечери и геофизика во Гренобл, која е во кругот на европското истражување, го следи тој дел од Алпите, и истакнува дека топењето на глечерите се одвива изненадувачки забрзано.

Истражувањето покажува дека губењето на глечерите меѓу 2003 година и денот до последното мерење во 2015 година изнесува во просек два проценти годишно, во споредба со 0,7% до 2003 година.

„Тоа е речиси трикратно зголемено“, предупредува научникот Антоан Рабател, кој изврши истражување на основа на сателитските снимки.

Тој објаснува дека сè поголемото губење на масата на глечерите е очигледно, особено во ниските делови на планинските масиви.

Мон Блан е најголемиот врв во Европа (4809 метри) и е најотпорен на ерозија и кај него е забележано намалување на површината од еден процент годишно во периодот од 2003 до 2015 година.

Истражувањето е спроведено во соработка со австриските, италијанските и швајцарските научници во кругот на проектот на Европската вселенска агенција.

Истражувањето е објавено во списанието „Природни климатски промени“, а во текстот се предупредува дека постојат само пет проценти од изгледот за спречување на глобалното загревање на ниво под два степени Целзиусови.

Претходно истражувањата покажаа дека глечерите во Перу се намалени од 1979 година, за повеќе од 40%.

 

Scroll to Top