Потрошете поголема сума пари на гардероба. Ви гарантираме дека ќе се чувствувате феноменално.
Имајте пракса во посакуваната компанија. Кои и да било работи таму да ги извршувате, верувајте дека ќе се чувствувате корисни и ќе стекнете работни навики.
Набавете си брачен кревет. Причината не е во тоа да донесете сексуален партнер, туку да можете да се испружите и удобно да се чувствувате во голем кревет.
Не трпете болка. Носете со себе таблети. Олеснете си ги маките и посегнете по таблета против болки. Може да се работи за главоболки, забоболка или добивање болни менструации.
Препуштете си летување со пријателките. Одење на заеднички летувања, излегувања на море, лудување на плажа. За таквите егзибиции, најспремни сте во дваесеттите.
Секс за една ноќ. Доколку ви одговара и сте се заштитиле, не мора да ви биде срам од направеното.
Прашајте за подобра позиција на работа. Еднаш мора да дојде и тој момент. Сметајте дека сте заслужиле и повеќе, а покачување нема. Кажете им го тоа.
Бидете сити. Животот е прекраток за да си ускратите пица, лазања, сладолед. Единствено треба да имате мерка.
Мастурбирање. Самозадоволувањето не е ништо срамно. Зарем мислите дека другите тоа не го прават?
Јадете зеленчук. Здравата храна нека ви стане ориентир. Не морате да ја јадете само неа, но немојте ни да ја заборавате.
Купете торба за носење в рака. Нека преградите бидат добро организирани, а работите сложени уредно.
Редовно мијте ги забите. Темелното четкање на забите се смета за важен дел од усвоеното градиво.
Патувајте. Откријте нови места, направете излети и препуштете си излегувања на море за викендите.
Решете се од негативноста. Никој не сака да поминува време со личности кои шират негативна енергија.
Користете кондоми. Без приговори и исклучоци.
Не губете време на погрешен. Нема никој подобар на видик, досадно ви е кога сте соло, а мислете дека излегувате со чудак. Престанете да се залажувате. Тргнете во нова потрага.
Некој ви се допаѓа? Дознајте како да дојдете до него. Најдете начин како да му се приближите.
Пронајдете свој бар каде што ќе излегувате. Добро е да запознавате нови места, но кога сакате да испиете пијалак без многу размислување каде да отидете, ќе ви падне напамет еден единствен, вашиот омилен…
Излезете со дечкото кој добро се бакнува. Неверојатен шармер, добро умее да бакнува… не размислувајте повеќе. Спремете се за излегување!